Агенда за празникот на пчеларите, Благовец

 

На 07 Април 2015 година во организација на ЗЗ Агро Фаланга, во црквата Свети Спас во Велес ќе се прослави празникот на пчеларите Благовец.

Агенда за празникот на пчеларите Благовец 2015

Агенда за празникот на пчеларите Благовец 2015

Сите пчелари се добредојдени на прославата која традиционално се одржува, а овојпат кумови се Претседателот на ЗЗ  Агро Фаланга, Господинот Љупче Станковски и Господинот Тони Дуков, еден од основачите на Здружението. Според Агендата на настанот, поканет е да присуствува и Градоначалникот на Велес, Господинот Славче Чадиев кој ќе упати благослов до пчеларите за успешна и бериќетна година. Изборот на кум за следната година ќе биде на ниво на Република Македонија.

Leave a Reply