Агенда за утрешната прослава на денот на пчеларите – Благовец

Здружението за земјоделци Агро Фаланга традиционално и оваа година ќе го одбележи денот на пчеларите, Благовец. На 7-ми Април (четврток) во црквата Св.Спас во Велес, со почеток во 17:00 часот ќе започне свечената прослава на која се поканети голем број на пчелари членови на здружението, како и пчелари – гости. Здружението упатува отворена покана кон сите пчелари да повелат заедно да го одбележиме овој ден. Повелете, прогледнете ја Агендата за свечената прослава на празникот.

 

Здружение за земјоделци Агро Фаланга, Велес

Свечена прослава за празникот на пчеларите Благовец 2016

 

Агенда

 

 Датум:          07 Април 2016 година

Место:          Црква Св. Спас, Велес

Време:          17:00 – 19:00

16:45             Пречекување на гости до 16:45 часот на автобуската станица во Велес.

17:00             Почеток на настанот во црквата Св.Спас во Велес.

17:10             Благослов од свештено лице.

17:25             Избор на нов кум за следната година.

17:35             Заедничко фотографирање

17:45             Поздравен говор во црковната трпезарија:

  • Обраќање на Претседателот на Агро Фаланга, Љупче Станковски.

  • Информации во врска со активностите на пчеларскиот сектор.

18:00             Свечен ручек

18:55             Затварање на настанот со збор на новоизбраниот кум.

За сите дополнителни информации обратете се на следниот телефонски број: 076/281-188

 

 

 

 

 

Leave a Reply