Агро Фаланга присуствуваше на форумот на тема: Квалитет и одржливост – ризици и можности за развој?

Еднодневен Форум на тема: „Квалитет и одржливост – ризици и можности за развој?“ во организација на ДНВ ГЛ заедно со Интегрирани системи за квалитет (IQS)

dsc_0079

На 06 Декември со времетраење од 09:00 до 14:30 часот во просториите на Холидеј Ин во Скопје се одржа форум на тема „Квалитет и одржливост – ризици и  можности за развој?“ Форумот на кој Здружението за земјоделци Агро Фаланга беше покането да учествува како гостин, беше организирано од ДНВ ГЛ и нивниот партнер организатор, Интегрирани системи за квалитет (IQS).

????????????????????????????????????

На форумот сеопфатно беа презентирани клучните информации од областа на управување со квалитет, заштита на животната средина и користење на енергијата, со посебен акцент на безбедност на храната и процесот на производство во организациите вклучени во синџирот на храна. Целта на оваа конфернција беше да одговори како да се организира работењето  согласно законодавството и најдобрите практики, истовремено постигнувајќи деловни резултати и конкурентна предност.

????????????????????????????????????

На форумот гостуваа повеќе експерти за одредени области, опфаќајќи ги предизвиците и новите трендови во областа на храната, кои преку своите презентации  го доловија развојот и иднината на системот за управување и безбедност на храната во текот на наредните години.

Форумот го отвори Ранко Жежек, претставник на ДНВ ГЛ кој потоа зборуваше на тема „Иднината на системите за управување – како водечките глобални организации планираат да ги развијат своите системи за управување“ Презентацијата беше проследена со интересни видеа кои беа футуристички и технолошки ориентирани.

????????????????????????????????????

Ранко Режек, претставник на ДНВ ГЛ го отвори форумот со говор за добредојде

Следен презентер беше Филип Иванов на темата „Заштита на животната средина како законска обврска на производителите на храна и пијалоци во Р. Македонија“. Освен за законската регулатива, Иванов говореше и за биодиверзитетот во Македонија и неговото значење во европски рамки.

????????????????????????????????????

Филип Иванов за биодиверзитетот во Македонија

„Предизвици за прехранбената индустрија: нови иновации и екосистеми˝, беше темата која преку пластични и креативни примери и преку интерактивност со присутните гости ја претстави Атанас Кочоски.

????????????????????????????????????

Атанас Кочоски, професор на Машинскиот факултет во Скопје

„Транспонирање на меѓународните стандарди во нормативните акти и службени контроли во областа на безбедност на храната˝ беше сферата во која говореше Абдулезел Догани кој воедно ги пренесе и своите лични и долгогодишни искуства од работењето во оваа област.

Теки Суајиби, гостин од Австрија, говореше на тема „Дистрибутивната моќ на индустријата за храна и пијалок“, при што се задржа на обновливите извори на енергија и одржливите земјоделски стопанства кои со користење на модерни системи, отпадот од своето производство би го претвориле во енергија, која пак може да ја користат за свои потреби или пак доколку произведат вишок од нивните потреби би ја пуштиле во јавната дистрибутивна мрежа на енергија, што ќе им донесе дополнителни приходи.

????????????????????????????????????

Гостите – презентери на форумот

Гостинката од Бугарија, Теодора Саракостова, говореше на тема „Проценка на ризикот на синџирот на храна во Р. Бугарија“ и ги претстави органите и нивната структура кои се задолжени за проценка и контрола на ризик во прехрамбената индустрија.

Форумот со своето излагање го заокружи Александра Депиновска со темата „Глобални стандарди за безбедност на храната – идни предизвици и како да се одговори“. Претставничката од Интегрирани системи за квалитет (IQS) говореше за глобалните стандарди и тежнеења во подобрување на безбедноста на храна, како и за проблемите и можностите за нивно решавање во оваа индустрија.

????????????????????????????????????

Александра Депиновска, претставник од IQS

Агро Фаланга како и секогаш зема активно учество во дискусиите од претставените теми, тагирајќи ги пред се горливите проблеми на земјоделците, недоволната едукација и немањето можност да им бидат приближени новите трендови, технологии и процеси во областа на производството за храна, чиј круцијален дел се токму тие. Овој форум за здружението воедно  претставуваше и можност за проширување на контактите и отварање на нови соработки.

????????????????????????????????????

Претставници од Агро Фаланга – дел од форумот

Leave a Reply