Болести и штетници на пченицата и јачменот – предавање во Куманово

Мина Барова од Бугарија- Проект Менаџер

Мина Барова од Бугарија- Проект Менаџер

На 24.04.2015 година во рамките на Проектот Градење на капацитетите на надлежните органи за безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика се одржа уште едно предавање на тема Болести и штетници на пченицата и јачменот и Мерки за сузбивање на економски значајни штетни организми на пченицата и јачменот. Овој Проект се реализира со поддршка на ИПА И ТАИБ 2009, а ова предавање кое се одржа во Куманово е дел од низата предавања на различни теми кои се одржуваат во нашата држава. На предавањето повторно беа поканети и присутни членовите на ЗЗ Агро Фаланга.

Присутните земјоделци во салата на ресторанот Рим-Париз во Куманово

Присутните земјоделци во салата на ресторанот Рим-Париз во Куманово

Предавачи на ова предавање беа Професор Раде Русевски и Професор Билјана Кузмановска кои дадоа осврт на двете брошури според кои беа насловени и предавањата. Професорот Билјана Кузмановска се осврна на најзначајните болести и штетници на пченицата и јачменот, а Професорот Раде Русевски ги образложи мерките за сузбивање на овие штетници, пришто го потенцираше огромното значење на производството на пченица и јачмен за нашата држава. Борбата со овие штетници истакна професорот, треба да биде долготрајна и интензивна, бидејќи само на тој начин ќе се одржат овие економски значајни култури за нашата држава.

Професор Раде Русевски и Професор Билјана Кузмановска - предавачи на Проектот

Професор Раде Русевски и Професор Билјана Кузмановска – предавачи на Проектот

Предавањата продолжуваат на различни теми во повеќе градови во нашата држава во следните три месеци. Освен предавањата, дел од Проектот се и 13-те брошури коишто се изготвени наменски за да им послужат на земјоделците во борбата со штетниците на соодветните култури кои тие ги одгледуваат. Овие брошури се мали, џепни изданија кои земјоделецот може да ги носи со себе и според нив да се раководи во идентификацијата и борбата со штетниците кои ќе ги сретне на својата нива. Овие брошури наскоро ќе имате можност да ги видите и на нашиот веб сајт, каде ќе ги презентираме тема по тема, така што секој оној кој ги пропуштил предавањата и не успеал да ги добие брошурите, ќе може преку нашиот сајт да се едуцира и запознае со начините на справување со одредени штетници.

Leave a Reply