Во Кавадарци се одржа дводневна финансиска обука за земјоделци

На 28-ми и 29-ти Март 2017 година, во хотелот Фени во Кавадарци се одржа дводневната обука за финансиско знаење во земјоделието. Обуките се дел од проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ кој е финансиран од УСАИД а го спроведува „Македонската развојна фондација за претпријатија“ (МРФП). Главната цел на проектот е подобрување на пристапот до финансии особено до лицата кои се земјоделци/фармери, претприемачи, лица со пониски примања, студенти, мали и микро претпријатијата. Проектот е спроведуван во партнерство со „Сојузот на Микрофинансиски организации“, „Штедилница Можности“, „Фондација Хоризонти“ и „Штедилница ФУЛМ“.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

„ЗЗ Агро Фаланга“ како партнер на МРФП во овој проект учествува со активности од типот идентификација и мотивација на земјоделци за присуство на обуките за финансиско знаење во земјоделието. Се покажа дека интересот за ваков вид на обуки не само што е голем, туку и дека ваков тип на знаење е неопходен во работата на земјоделците. Во Кавадарци беа присутни овоштари, лозари, раноградинари, сточари и пчелари. Сите беа дојдени со иста цел, да се стекнат со нови знаења кои ќе можат да ги применат во својата работа, но и да ги кажат проблемите со кои се соочуваат при нивната работа. Со присуството на обуките им се дава можност и за размена на идеи и здружување како форма за полесно работење.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

„ЗЗ Агро Фаланга“ раководејќи се од визијата и целите на своето работење се залага за соработка помеѓу здруженијата, но и за соработка со јавниот сектор во државата. „Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта“ е дел од овие обуки благодарение на соработката со „ЗЗ Агро Фаланга“, па така и сточарите добија можност финансиски да се едуцираат. Тие зборуваа за специфичните проблеми во нивната земјоделска гранка при што заклучија дека имаат потреба од здружување за нивните производи повторно да ја добијат онаа реална цена на пазарот.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Следната обука ќе се одржи на 4-ти и 5-ти Април во општинската сала во Гостивар, а со неа завршува овој пролетен циклус на обуки.

Leave a Reply