Во Охрид се одржа конференција за ИКТ во земјоделско проширување

Во Охрид на 9-ти и 10-ти Ноември, во хотел Ривиера се одржа конференција за информатичко-комуникациски технологии во земјоделско проширување. Конференцијата е во организација на Фондацијата АЦЕ од Македонија, а учесници беа земјите од Вишеградската група: Унгарија, Словачка и Чешка и земјите од Западен Балкан: Македонија, Албанија и Србија. На конференцијата беа поканети да учествуваат и земјоделци од нашата земја, меѓу кои учество земаа и претставници на ЗЗ Агро Фаланга.

DSCI2926
DSCI2930

Првиот ден од конференцијата, партнерите од Вишеградската група во своите презентации се осврнаа на организацискиот аспект на ИКТ; финансиски аспект; аспект на човекот/вработените; оперативен аспект; бизнис аспект; додека пак партнерите од земјите од Западен Балкан го презентираа случајот на перцепција на земјоделците за ИКТ како поддршка на нивните агробизниси и како алатка за доставување на земјоделски советодавни услуги. Нивните презентации ги опфатија следните аспекти: профилот на фармерите во Западен Балкан; нивото на ИКТ знаење; влијанието на ИКТ врз агробизнисот – перспективата на земјоделците, целта на користење на ИКТ алатки за агробизнисот.

Вториот ден презентациите се движеа во рамките на темите: Земјоделски развој во земјите од Западен Балкан и улогата на ИКТ; ИКТ алатки за интегиран синџир на вредности во земјоделството во Западен Балкан и Централна Источна Европа. Се одржа и тркалезна маса на тема: Дијалог за политиките и потребите на стратегијата за ИКТ во земјоделството во регионот на земјите од Западен Балкан и три работилници на теми: Како дигитализираните услуги за проширување можат да го постигнат земјоделскиот развој?; Улогата на заинтересираните страни во земјоделството во процесот на воведување и имплементација на ИКТ во земјоделството; Воведување на ИКТ во процесот на развој на националното и приватното земјоделско проширување (Вишеградски земји и земјите од Западен Балкан).

 

Leave a Reply