Во Охрид успешно се одржа дводневната обука за финансиско знаење во земјоделието

На 14-ти и 15-ти Март 2017 година, во хотелот Ривиера во Охрид се одржа дводневната обука за финансиско знаење во земјоделието. Обуките се дел од проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ кој е финансиран од УСАИД а го спроведува „Македонската развојна фондација за претпријатија“ (МРФП). Главната цел на проектот е подобрување на пристапот до финансии особено до лицата кои се земјоделци/фармери, претприемачи, лица со пониски примања, студенти, мали и микро претпријатијата. Проектот е спроведуван во партнерство со Сојузот на Микрофинансиски организации, Штедилница Можности, Фондација Хоризонти и Штедилница ФУЛМ.

????????????????????????????????????

DSC_0016

„ЗЗ Агро Фаланга“ како партнер на МРФП во овој проект учествува со организирање на земјоделците за нивно  учество на обуките. Се покажа дека интересот за ваков вид на обуки не само што е голем, туку и дека ваков тип на знаење е неопходен во работата на земјоделците. Големиот број на присутни земјоделци и полната сала во Охрид кажува дека нашиот земјоделец е спремен да учи без оглед на возраста или на земјоделската гранка со која се бави. Така на овие обуки можевме да видиме млади луѓе кои сериозно му пристапиле на земјоделието, но и повозрасни кои сеуште имаат елан за работа и желба за напредок. Овоштари, лозари, рибопроизводители и пчелари беа дел од присутните кои будно го следеа предавањето и ги решаваа зададените задачи. На крајот од вториот ден од обуката заслужено ги добија сертификатите за помината обука.

????????????????????????????????????

DSC_0011

Знаењето не е единствениот бенефит што нашите земјоделци го добиваат од ваков тип на едукација. На овие настани им се пружа и прилика да се запознаат меѓу себе, да остварат контакти, заедничка соработка, но и да ги разрешат конфликтите кои се појавиле измеѓу нив поради некоординираното работење во засебни земјоделски гранки. Така овоштарите и пчеларите имаа прилика да поразговараат за штетните дејства на препаратите со кои се прскаат овошните насади врз пчелите. Двете страни изразија желба за надминување на овој проблем преку заеднички дијалог и изнаоѓање на решенија за овој проблем, а потоа и заедничка соработка. Љупче Станковски, претседателот на „ЗЗ Агро Фаланга“ ја нагласи потребата од соработка и меѓусебно разбирање. Тој предложи да се одржи посебна средба помеѓу претставниците на овие земјоделски бранши на која ќе се разговара за можни решенија. Соработката помеѓу овоштарите и пчеларите е од круцијално значење бидејќи пчелите им се потребни на овошните насади заради опрашување на истите, а пак тие им се потребни на пчелите заради нектарот во цветот. Со заеднички напор, разбирање и дадена шанса за дијалог, земјоделците се спремни да соработуваат и да се обединат во својата работа. Соработката со бизнис секторот исто така не изостана. Присутен беше Наум Трпчески, претставник од „Апимел„ компанија од Охрид која откупува пчелни производи. Средбата се искористи за интензивирање на соработката со пчеларите и зголемување на откупот на квалитетен прополис од пчеларите.

????????????????????????????????????

DSC_0020

Додека на едните оваа обука им даде шанса за дијалог и разрешување на проблемите, на други им даде шанса за професионална соработка. Помеѓу присутните меѓудругото имаше и млади стручни лица од одредени области, па така Станковски разговараше со Елеонора Вељаноска Пероска, млад агроном. „ЗЗ Агро Фаланга“ тежнее кон соработка со стручни кадри, па во таа насока се водеше и разговорот. Пероска како стручен соработник на здружението ќе ги потпомага земјоделците во Охридскиот регион со тоа што ќе ги информира за одредени активности на здружението кои ќе бидат во нивен интерес и корист.

DSC_0076

Следната обука е во Прилеп на 21-ви и 22-ри Март 2017 година.

 

 

Leave a Reply