ГОДИШНА НАРЕДБА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ МЕРКИ И КОНТРОЛИ ЗА ЗАШТИТА НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ОД КОНТАМИНЕНТИ ИЛИ РЕЗИДУИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ОД ЖИВОТНИ ИЛИ ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ВО 2017 ГОДИНА

 

ГОДИШНА НАРЕДБА

ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ МЕРКИ И КОНТРОЛИ ЗА ЗАШТИТА НА ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО ОД КОНТАМИНЕНТИ ИЛИ РЕЗИДУИ КОИ СЕ ПРЕНЕСУВААТ ОД ЖИВОТНИ ИЛИ ПРОИЗВОДИ ОД ЖИВОТИНСКО ПОТЕКЛО ВО 2017 ГОДИНА

Член 1

Општа одредба

Со оваа наредба се определуваат ветеринарните мерки и контроли за заштита на јавното здравство од контаминенти или резидуи кои се пренесуваат од животни или производи од животинско потекло, кои треба да се извршат во 2017 година.

Член 2

Mониторинг на резидуи и недозволени супстанции

(1) Мониторингот над одгледувањето на животните и примарното производство на храна од животинско потекло се врши заради откривање на присуство на резидуи од ветеринарно-медицински препарати и контаминенти и недозволени супстанции во живи животни и храна од животинско потекло, нивните производи и суровини, и суровини и храната за животни како и нивната животна средина, за заштита на здравјето на луѓето и обезбедување на услови за непречен промет со про-изводи од животинско потекло.

(2) Мониторингот се спроведува на фарми, кланици, млекарници, објекти за одгледување на животни и преработка на производи и храна од животинско потекло и други оператори со храна од животинско потекло.

(3) Мониторингот на резидуи, контаминенти и не дозволени супстанции се спроведува согласно Правилникот за начинот на вршење на мониторинг и контрола на присуството на резидуи и контаминенти во живите животни и храната од животинско потекло, начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг и контрола на резидуи и недозволени супстанции и мерките кои се преземаат во случај на сомнение и на позитивен наод на присуство на резидуи и недозволени супстанции .

(4) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториските испитувања се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2017 година.

(5) Освен мониторингот на резидуи, контаминенти и недозволени супстанции од став (3) на овој член, операторите со храна треба да обезбедат и контрола на резидуи врз основа на сопствена анализа на ризик, специфичен за одреден вид/категорија на објект, потеклото на суровината и производниот процес.

Член 3

Мониторинг на афлатоксин во млеко

(1) Операторите со млеко треба да спроведуваат постапки со кои ќе се обезбеди исполнување на барањата за максималните нивоа на микотоксини од Правилникот за општите барања за безбедност на храната во однос на максималните нивоа на одделни контаминенти Прилог дел 2 точка 2.1.13 (афлатоксин М 1) со лабораториско испитување, кои треба да вклучуваат и лабораториско испитување при прием на сурово млеко и млеко во објектите за преработка на млеко.

(2) Лабораториското испитување од став (1) на овојчлен треба да се врши со метод на репрезентативна мостра под надзор на официјален ветеринар при што во периодот од 1 декември до 30 април испитувањето треба да се врши еднаш во две недели, а во периодот од 1 мај до 30 ноември треба да се врши еднаш месечно.

Член 4

Микробиолошки критериуми за храната од животинско потекло

(1) Заради спроведување на лабораториските испитувања на храната од животинско потекло во однос на усогласеноста со микробиолошките критериуми утврдени во Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната операторите со храна од животинско потекло треба да воспостават соодветен план за земање на мостри за испитувања на вредностите на определените микробиолошки криериуми, и спроведување на анализи и имплементирање на корективни активности.

(2) Плановите за земање на мостри од став (1) на овој член за одреден вид/категорија на објект треба да содржат најмалку број на мостри и временски интервал на кој се земаат истите, во согласност со фреквенциите од Планот за фрекфенција на земање мостри даден во Прилог кој е составен дел на оваа наредба.

(3) Кога резултатите од извршените испитувања се незадоволителни, операторите со храна треба да преземаат мерки согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната  и други активности неопходни за заштита на здравјето на потрошувачите.

(4) Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари зема мостри за утврдување на исполнување на микробиолошките критериуми и верификување на критериумите за безбедноста на храната и критериумите за хигиената на процесот согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната  врз основа на анализа на ризик односно фрекфенција дадена во Прилогот на оваа наредба, или при сомнеж дека храната не е безбедна.

(5) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториското испитување од став (4) на овој член се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2017 година.

Член 5

Мониторинг на присуство на Listeria monocytogenes

(1) Операторите со храна од животинско потекло треба да востановат процедура за испитување на репрезентативен примерок од најмалку една мостра по група на производи (по тип на производство-третман и тип на суровина), на готов производ и брисеви од работната средина еднаш месечно со цел исполнување на посебните барања за безбедност на храната на Listeria monocytogenes по однос на микробиолошките критериуми согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната.

(2) Земањето на мостри за лабораториското испитување од став (1) на овој член треба да се врши под надзор на официјален ветеринар, според Планот за фрекфенција на земање мостри согласно Прилогот од оваа наредба.

Член 6

Контрола на микробиолошките критериуми за сурово млеко

Сите оператори со храна (примарни производители на млеко и објекти за преработка на млеко) кои ставаат во промет млеко за исхрана на луѓето треба да вршат испитување на суровото млеко во согласност со критериумите за соматски клетки и број на микроорганизми на ниво на одгледувалиште најмалку еднаш, односно два пати месечно согласно Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службените контроли на млекото и млечните производи.

Член 7

Контрола на операторите со храна кои произведуваат млеко

Агенцијата за храна и ветеринарство еднаш годишно во секое одгледувалиште за производство на млеко зема мостри на млеко за утврдување на исполнување на условите за производство на сурово млеко согласно Правилникот за посебните барања за безбедност и хигиена и начинот и постапката на вршење на службените контроли на млекото и млечните производи  во однос на:

– вкупниот број на микроорганизми;

– бројот на соматски клетки;

– хемиски состав и

– присуство на антибиотици, резидуи и недозволени супстанции.

Член 8

Мониторинг на зоонози и причинители на зоонози

(1) Мониторингот на зоонози и причинители на зоонози се врши заради идентификување и карактеризирање на опасностите, процена на изложеноста и утврдување на ризикот поврзан со зоонози и причинители на зоонози, со цел заштита на здравјето на луѓето и обезбедување на услови за непречен промет со производи од животинско потекло.

(2) Мониторингот на зоонози и причинители на зооно-зи се врши во сите фази на ланецот на производство на храна, а особено на ниво на примарно производство, вклучително и производство на храна за животни.

Агенцијата спроведува мониторинг на:

– Salmonella spp. во кланици од трупови од бројлери и товени мисирки, од трупови од товени свињи и од трупови од говеда под една година старост

– C. jejuni кај живина при колење во кланиците;

– C. Coli при колење на бројлери и при колење на товени свињи;

– E. Coli при колење на бројлери и товени мисирки, при колење на товени свињи и говеда под една година старост;

– E. coli која произведува ESBL, AmpC или карбапе-немази при колење на бројлери и товени мисирки, при колење на товени свињи и говеда под една година старост и од примероци од свежо месо од бројлери, од свинско месо и од говедско месо, собрани од малопродажба

– E. faecalis и E. faecium при колење на бројлери и товени мисирки и при колење на товени свињи и говеда под една година старост.

(3) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториските испитувања се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2017 година.

(4) Освен мониторингот на зоонози и причинители на зоонози од став (1) на овој член кој се спроведува согласно оваа наредба, операторите со храна треба да обезбедат и контрола на зоонозите и причинителите на зоонози врз основа на сопствена анализа на ризик, специфичен за одредени вид/категорија на објект, потеклото на суровината и производниот процес.

(5) Операторите кои произведуваат храна за животни треба да земаат и да доставуваат мостри за вршење на бактериолошка анализа во лабораторија од сите суровини од животинско потекло кои се користат за производство на храна за животни, пред приготвувањето на храна за животни, а еднаш месечно и репрезентативна мостра од сите готови крмни смеси.

(6) Заради утврдување на сите видови салмонели потребно е во резултатите од лабораторискиот наод да се наведат сите серотипови утврдени со лабораториското испитување.

(7) Доколку во согласност со Правилникот за начинот на вршење на официјалните контроли и постапките за мониторинг на зоонози и предизвикувачи на зоонози и листа на зоонози и предизвикувачи на зоонози кои се редовно предмет на мониторинг, Националниот контролен план за намалување на салмонелозата кај кокошките несилки (Gallus gallus) во Република Македонија утврден во Правилникот за начинот на вршење на официјални контроли на Салмонела и други одредени алиментарни интоксикации и Критериумите за хигиена на процесите утврдени во точки 2.1.3, 2.1.4 и 2.1.5 од Поглавје 2 од Прилог I на Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната биде изолиран изолат на Salmonella spp., C. coli, C. jejuni, индикатор коменсални E. coli, E. faecalis и E. faecium, Агенцијата постапува согласно прописот утврден во член 73 став (2) од Законот за безбедност на храната.

Член 9

Мониторинг на квалитетот на храната од животинско потекло

(1) Мониторингот на квалитетот на храната од животинско потекло се врши заради утврдување на степенот на исполнување на барањата за квалитет на храната од животинско потекло од страна на операторите со храна од животинско потекло.

(2) Мониторингот се врши во сите фази на ланецот на производство и промет на храната.

(3) Мониторингот од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се спроведува преку oфицијалните ветеринари при вршењето на контрола на квалитетот на храната од животинско потекло во тековната година при што треба да земат мостри од објектите за преработка на храната од животинско потекло и/или од малопродажба, со чие лабораториско испитување посебно ќе се посвети внимание на:

1) млеко и производи од млеко:

– присуство на растителни масти во млеко и производи од млеко (квалитативно и квантитативно) и

– содржина на масти и вкупни суви материи во млеко и производи од млеко согласно Правилникот за барања за квалитетот на суровото млеко, стандардите за квалитет на конзумното млеко, млечните производи и употребата на нивните називи, квалитетот и активноста на стартер културите, сирилата и други специфични материи и начинот на нивна употреба, начинот на дополнително означување на млекото и млечните производи како и дозволеното отстапување на тежината во однос на декларираната:

2) месо, мелено месо и производи од месо:

– присуство на МОМ во производи од месо (квалитативно и квантитативно);

– вкупни протеини од месо во производи од месо;

– содржина на калциум во МОМ и мелено месо;

– потекло на протеините во производи од месо согласно Правилникот за барањата во однос на квалитетот на мелено месо, подготовки од месо и производи од месо:

3) мед:

– присуство на сахароза, фруктоза и гликоза во медот и

– вид и потекло на медот – поленска анализа согласно Правилникот за стандардите и начинот на одредување на квалитетот и начинот на пакување и означување на производите од пчели по однос на квалитетот:

(4) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториските испитувања се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2017 година.

Член 10

Мониторинг на безбедност, хигиенска исправност и квалитет на храната за животни, нуспроизводи од животинско потекло кои се употребуваат за исхрана на животни и други производи за исхрана на животните

(1) Мониторингот на безбедност, хигиенска исправност и квалитет на храната за животни се врши заради утврдување на степенот на исполнување на барањата за безбедност, хигиенска исправност и квалитет на храната за животни, нуспроизводите од животинско потекло кои се употребуваат за исхрана на животните и другите производи за исхрана на животните.

(2) Мониторингот на безбедност, хигиенска исправност и квалитет на храната за животни, нуспроизводите од животинско потекло кои се употребуваат за исхрана на животните и другите производи за исхрана на животните се врши во сите фази на ланецот на производство и промет на храната за животни. Истиот се спроведува на пратки од увоз, производство, преработка и дистрибуција на храна за животни заради откривање на присуство на бактерии од видот Salmonella, на резидуи од микотоксини, тешки метали, микроелементи, пестициди, диоксини (и супстанции слични на диоксини), одредување на состојки од животинско потекло, кокцидиостатици и недозволени додатоци во храната за животни.

(3) Мониторингот на присуство на бактерии од видот Salmonella, на резидуи од микотоксини, тешки метали, микроелементи, пестициди, диоксини (и супстанци слични на диоксини), одредување на состојки од животинско потекло, кокцидиостатици и недозволени додатоци во храна за животни се спроведува согласно Правилникот за начинот и постапката за земање примероци, начин и методи на вршење на лабораториски анализи на храната за животни, Правилникот за општи и посебни барања за безбедност на храната за животни и Правилникот за листа на непожелни супстанции во храната за животни и максимално дозволено ниво како и критичните точки за спроведување на истражување за идентификација на изворот и причините за пречекорување на максимално дозволеното ниво, Правилникот за поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забраните за употреба на одредени нуспроизводи во исхраната на животните, како и посебните услови кои треба да ги исполнуваат нуспроизводите во исхрана на животните при увоз и извоз, Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нуспроизводи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и технички производи од нуспроизводи од животинско потекло, Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 3 материјали и посебните услови за преработени животински протеини и други преработени производи кои може да се користат како материјал за исхрана на животните и согласно прописот утврден во член 76-а став (7) од Законот за безбедност на храната на животните.

(4) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториските испитувања се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2017 година.

(5) Освен мониторинг на безбедност, хигиенска исправност и квалитет на храната за животни, нуспроизводи од животинско потекло кои се употребуваат за исхрана на животни и други производи за исхрана на животните од став (1) на овој член, операторите со храна за животни треба да обезбедат контрола и мониторинг на безбедност, хигиенска исправност и квалитет на храната за животни врз основа на сопствена анализа на ризик, специфичен за одреден вид/категорија на објект, потеклото на суровината и производниот процес.

(6) Операторите кои произведуваат храна за животни треба да земаат и доставуваат на лабораториска анализа мостри од сите суровини кои се користат за производство на храна за животни, пред приготвувањето на храна за животни, а еднаш месечно и репрезентативна мостра од сите готови крмни смеси за утврдување на исполнувањето на барањата за безбедност од аспект на микробиолошките критериуми и присуство на контаминенти и непожелни супстанции врз основа на сопствена анализа на ризик, специфичен за одреден вид/категорија на објект, потеклото на суровината и производниот процес.

(7) Операторите со нуспроизводи од животинско потекло кои се користат за исхрана на животните треба редовно да земаат и доставуваат на лабораториска анализа мостри од дериватите на нуспроизводите од животинско потекло и крмните смеси кои содржат нуспроизводи од животинско потекло, на начин и фреквенција пропишани во Правилникот за поблиските услови, начинот и постапката за спроведување и примена на забраните за употреба на одредени нуспроизводи во исхраната на животните, како и посебните услови кои треба да ги исполнуваат нуспроизводите во исхрана на животните при увоз и извоз, Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нуспроизводи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни милени-ци и технички производи од нуспроизводи од животинско потекло и Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 3 материјали и посебните услови за преработени животински протеини и други преработени производи кои може да се користат како материјал за исхрана на животните.

Член 11

Мониторинг на безбедност, хигиенска исправност и квалитет на техничките производи добиени од нуспроизводи од животинско потекло, преработе-ните животински протеини добиени од Категорија 1 и 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло, олеохемиските производи, резидуи од разлагање и органски ѓубрива и подобрувачи на почва

(1) Мониторингот на безбедност, хигиенска исправност и квалитет на техничките производи добиени од нуспроизводи од животинско потекло, преработените животински протеини добиени од Категорија 1 и 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло, олеохемиските производи, резидуи од разлагање и органски ѓубрива и подобрувачи на почва се врши во сите фази на ланецот на производство и промет. Истиот се спроведува на пратки од увоз, производство, преработка и дистрибуција заради откривање на присуство на бактерии и одредување на максималното ниво на вкупните преостанати нерастворливи нечистотии.

(2) Мониторингот на присуство на бактерии и одредување на максималното ниво на вкупните преостанати нерастворливи нечистотии се спроведува согласно Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нуспроизводи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и технички производи од нус производи од животинско потекло, Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло и Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат олеохемиските објекти и објектите за производство на биогас и компост.

(3) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри и лабораториските испитувања се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2017 година.

(4) Освен мониторинг на безбедност, хигиенска исправност и квалитет на техничките производи добиени од нуспроизводи од животинско потекло, преработените животински протеини добиени од Категорија 1 и 2 материјали на нуспроизводи од животинско потекло, олеохемиските производи, резидуи од разлагање и органски ѓубрива и подобрувачи на почва од став (1) на овој член, операторите со нуспроизводи од животинско потекло треба да обезбедат контрола и мониторинг на безбедност, хигиенска исправност и квалитет на производот врз основа на сопствена анализа на ризик, специфичен за одреден вид/категорија на објект, потеклото на суровината и производниот процес.

(5) Операторите со нуспроизводи од животинско потекло треба редовно да земаат и доставуваат на лабораториска анализа мостри од производите, на начин и фреквенција пропишани во Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат објектите за производство на храна за домашни миленици и техничките објекти за нуспроизводи од животинско потекло и посебните технички услови и постапки за преработка при ставање во промет и увоз на храна за домашни миленици и технички производи од нуспроизводи од животинско потекло, Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост како и постапките и барањата за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат преработувачките објекти за Категорија 1 материјали и Категорија 2 материјали на нус производи од животинско потекло и Правилникот за посебните услови во однос на објектите, техничката опременост, како и постапките и условите за вршење на соодветна дејност кои треба да ги исполнуваат олеохемиските објекти и објектите за производство на биогас и компост.

Член 12

Контрола на штетници

Заради заштита на здравјето на луѓето, заштита на животната средина и здравствена заштита на животните, операторите со храна од животинско потекло, операторите со храна за животни и операторите со нус производи од животинско потекло треба да воспостават соодветни програми за контрола на штетници, согласно технолошките карактеристики на процесот на производство на операторот. Дезинфекција, дезинсекција и дератизација (ДДД) треба да се спроведе од страна на операторот, односно правни лица кои се одобрени за вршење на таа дејност согласно прописите од областа на здравството и ветеринарното здравство.

Член 13

Mониторинг на резидуи и недозволени супстанции, мониторинг на хигиенската исправност и квалитет на храната од животинско потекло, храната за жи-вотни и нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати и микробиолошки критериуми при увоз на производи од животинско потекло, храната за животни и нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати

(1) Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари и официјалните ветеринари на граничен премин зема мостри од храна од животинско потекло, храна за животни и нуспроизводи од животинско потекло и нивните деривати кои се увезуваат во Република Македонија со цел вршење на мониторинг заради откривање на присуство на резидуи и недозволени супстанции кај живи животни, нивни производи и суровини со цел заштита на здравјето на луѓето и обезбедување на услови за непречен промет со производи од животинско потекло.

(2) Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари и официјалните ветеринари на граничен премин зема мостри на храната од животинско потекло, храната за животни и нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати кои се увезуваат во Република Македонија со цел вршење на мониторинг на хигиенската исправност и квалитет заради утврдување на степенот на исполнување на барањата за хигиенска исправност и квалитет.

(3) Агенцијата за храна и ветеринарство преку официјалните ветеринари и официјалните ветеринари на граничен премин зема мостри на храната од животинско потекло, храната за животни и нуспроизводите од животинско потекло и нивните деривати кои се увезуваат во Република Македонија заради утврдување на исполнувањето на условите на микробиолошките критериуми и верификување на критериумите за безбедност на храната и критериумите за хигиената на процесот согласно Правилникот за посебните барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, прописите за безбедност на храна за животни и прописите за нуспроизводи од животинско потекло.

(4) Испитувањата од ставовите (1), (2) и (3) од овој член се на товар на Агенцијата за храна и ветеринарство, а средствата за надоместување на трошоците се обезбедуваат согласно Програмата за користење на средствата за ветеринарно јавно здравство во 2017 година.

(5) Средствата за надоместување на трошоците за земањето мостри при задолжителното лабораториско испитување на следните десет пратки со производи од животинско потекло и храната за животни, во случај кога производите од животинско потекло и храната за животни не ги исполнуваат условите утврдени со прописите од областа на ветеринарното здравство и безбедност на храната се на товар на увозникот на производите.

(6) Во случај на добиен позитивен наод од лабора-ториските испитувања на производи од животинско потекло и храна за животни кога земањето мостри од ставовите (1), (2) и (3) од овој член се спроведени при постоење на сомнеж, трошоците за земањето мостри се на товар на увозникот на производите.

(7) Спроведувањето на мерките од ставовите (1), (2) и (3) од овој член се врши согласно одредбите од Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, листа на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружува пратката со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло, како и начинот и постапката на вршење на проверка и преглед при увоз и транзит на пратка со живи животни, аквакултура и производи од животинско потекло и Правилникот за начинот и постапката за увоз и транзит, начинот и постапката за вршење проверка и преглед при увоз и транзит на пратката со нуспроизводи од животинско потекло, формата и содржината на ветеринарно-здравствениот сертификат или други документи што ја придружуваат пратката со нуспроизводи од животинско потекло, како и листата на трети земји од кои е одобрен увоз и транзит.

(8) Операторите кои увезуваат храна од животинско потекло и храна за исхрана на животните треба да земаат и доставуваат на лабораториска анализа мостри од сите видови на храна кои ги увезуваат заради утврдување на исполнување на барањата за безбедност од аспект на микробиолошките критериуми и присуство на контаминенти и непожелни супстанции врз основа на сопствена анализа на ризик, специфичен за одреден вид/категорија на објект, потеклото на суровина-та и производниот процес.

(9) Операторите од став (8) на овој член земањето на мостри го вршат на основа на изготвен план кој го доставуваат на проверка на официјалниот ветеринар надлежен за контрола на објектот кој содржи лабораториско испитување на увезените пратки со опфат на сите релевантни ризици по безбедност (микробиолошко, хемиско и контаминенти) во зависност од видот и типот на храна од животинско потекло и храна за исхрана на животните.

 

 

Leave a Reply