За Агро Фаланга

ЗЗ Агро Фаланга – за обединети земјоделци во непобедлива фаланга!

Здружението за земјоделци Агро Фаланга е основано на 16 Јануари 2015 година во Велес. На основачкото Собрание за прв претседател на здружението беше избран Љупче Станковски. На Собранието се зацртаа целите, визијата и мисијата на здружението чиј главен приоритет се интересите на земјоделците.

Мисијата на здружението е унапредување на економските, социјалните и културните интереси на земјоделците во Република Македонија преку нивно организирање, здружување и едуцирање, согласно Уставот и Законите. Во здружението може да членува секој земјоделец и рамноправно да учествува во сите активности.

Дел од стратегијата на здружението за остварување на своите цели се развивање на сет од услуги за земјоделците, лобирање и застапување на земјоделците, нивно информирање и едукација.

Како главна алатка за транспарентноста во работењето на ЗЗ Агро Фаланга е веб сајтот на кој се објавуваат сите активности кои ги сопроведува здружението. Состаноците кои редовно се одржуваат во месната заедница Алексо Демниевски – Бауман во Велес се можност членовите на здружението да се произнесат за своите проблеми и да продискутираат околу решенијата за истите.

Редовната соработката со медиумите е можност за здружението да ги актуелизира проблемите во земјоделието и воедно да понуди решенија и да лобира за истите да бидат спроведени од страна на надлежните институции.

Leave a Reply