На 10 Април 2016 година (недела) во 13:30 на Македонската Радио Телевизија во емисијата за земјоделие Аграр ќе се прикаже првиот дел од прилогот за лумбрикултура. Снимањето се изврши на фармите на нашите членови Ацо Павловски и Ивица Митрушов од Св.Николе. За значењето на лумбрикултурата зборуваше и нашиот соработник од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, Проф.д-р Бојан Поповски.
Истиот ден, со почеток од 13:00 часот во емисијата Агроспектар на К1 телевизија ќе се прикаже прилог за одгледување на ориз. Прилогот е снимен на оризови површини во сопственост на нашиот член Дане Андоновски. Во прилогот со своја изјава и нашиот претседател, Љупче Станковски.