ЗЗ Агро Фаланга во Агроспектар на К1 телевизија

Пчелен сандак
Здружението за земјоделци Агро Фаланга оствари соработка со К1 телевизија. Емисијата Агроспектар што се емитува во рамките на К1 телевизија секоја недела во 13:00 часот и ЗЗ Агро Фаланга отпочнаа со снимањето на серијата од емисии насловени како Пчеларски календар. Идејата е во емисијата да се прикажат месечните активности на пчеларникот. Емисијата ќе се снима секој месец и во неа ќе се објаснуваат активностите и работите кои се неопходни да се превземат на пчеларникот во тој месец од годината.
Првата емисија веќе се снимаше на пчеларникот Љупче Станковски- претседател на здружението. Емисијата ќе се емитува на 27 Март 2016 година (недела) во 13:00 часот.
Емисиите од овој серијал ќе се снимаат на повеќе локации – пчеларниците на членовите од пчеларскиот потсектор на ЗЗ Агро Фаланга.