На 26-ти Март 2017 година (недела), со почеток од 18:00 часот, во месната заедница Алексо Демниевски Бауман, ЗЗ Агро Фаланга ќе ја одржи втората Годишна седница на Собранието.

На Седницата ќе се разгледува работата на здружението за 2016 година, остварените цели и програми за минатата година, финансиските резултати и сите активности кои беа спроведени изминатиот период. Воедно ќе се усвојува и програмата за 2017 година и финансискиот план за претстојниот период.
Се очекува присуство на сите членови, а поканети се и сите соработници на здружението.
Like this:
Like Loading...
Related