ЗЗ Агро Фаланга потпиша договор за соработка со здружението на агроновинари на Република Македонија Медиа Плус
Здружението за земјоделци ,,Агро Фаланга” и здружението на агроновинари на Република Македонија ,,Медиа Плус” потпишаа меморандум за соработка.
Претседателот на ЗЗ Агро Фаланга, Љупче Станковски и претседателката на ЗАРМ Медиа Плус, новинарката Сузана Трајковска на 21 Април 2016 година во Скопје потпишаа договор за соработка од областа на земјоделието и новинарството.
Соработката помеѓу двете здруженија се однесува на информации од областа на земјоделието која ги опфаќа новинарите од ЗАРМ Медиа Плус на кои ЗЗ Агро Фаланга им стои на располагање за сите новости, настани и активности кои тековно се одвиваат во рамките на здружението. Меморандумот исто така опфаќа размена на информации помеѓу здруженијата и соработка при снимање на емисии и прилози од областа на земјоделието, како и при пишување на одредени теми кои се актуелни и ги засегаат земјоделците.
Соработката е од отворен тип и остава простор за нови идеи и проекти за заедничка реализација.