На 26-ти Март 2017 година, со почеток од 18:00 часот во месната заедница Алексо Демниевски Бауман, „Здружението за земјоделци Агро Фаланга“ ја одржа втората Годишна седница на Собранието.
Претседателот Љупче Станковски ја отвори седницата со добредојде до присутните членови. Тој во неговото обраќање го искажа задоволството што на оваа седница ќе се разгледува една успешно заокружена година како што е 2016.

На Седницата се разгледување работењето на здружението во изминатата година, активностите кои ги имаше и ефектите од нив. Исто така се разгледуваше и се усвои финансискиот извештај на здружението за 2016 година, а се донесе и финансов план за 2017 година. На седницата се разговараше и за активностите кои „ЗЗ Агро Фаланга“ има во план да ги спроведува оваа година, па така се усвои и Програмата за работа на здружението за 2017 година.

На Собранието се донесоа повеќе заклучоци околу работењето, присутните членови дискутираа за проблемите со кои тие се соочуваат при обавувањето на нивната земјоделска дејност, како и чекорите кои треба да се превземат за нивно олеснување и евентуално разрешување. На седницата беа дадени насоки во кои здружението ќе дејствува во иднина.
Седницата се затвори со искажаното задоволство на членовите за работата на здружението изминатата година.
Like this:
Like Loading...
Related