Информативни кампањи за интегрирана заштита на растенијата како составен дел од добрата земјоделска пракса – имплементација и официјални контроли
Во рамките на проектот ,,Градење на капацитетите на надлежните органи за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика” кој е финансиран од Европската Унија од ИПА ТАИБ 2009 програмата, на 26.03.2015 се одржа предавање во хотелот Романтик во Велес. Предавањето на тема ,,Информативни кампањи за интегрирана заштита на растенијата како составен дел од добрата земјоделска пракса – имплементација и официјални контроли” беше прво од седумте планирани кои ќе се одржат во повеќе градови во Македонија во следните 4 месеци и тоа на различни теми. Во склопот на Проектот испечатени се 13 брошури со наслови од проблематиката.
Предавањето во Велес беше на тема ,,Карантински штетни организми на коскестото овошје” Иако овие предавања се наменети претежно за вработени во јавните сектори во чија надлежност е оваа проблематика како ветеринарните и фитосанитарните служби, ова предавање наиде на голем интерес и кај овоштарите кои дојдоа во голем број во салата во хотелот Романтик. Најмногу присутни имаше од Земјоделското здружение Агро Фаланга на чело со Претседателот Љупче Станковски кој разви интересна дискусија за проблемите на овоштарите со предлози за нивно решавање.
По завршувањето на дискусијата, Претседателот на ЗЗ Агро Фаланга, господинот Љупче Станковски оствари кратки разговори со Проект Менаџерот Мина Барова и со Професорот Раде Русевски за понатамошна соработка во и надвор од Проектот а за теми и проблеми поврзани со земјоделието. Присутните земјоделци од здружението си заминаа задоволни од предавањето и дискусијата каде имаа можност да ги кажат проблемите што ги мачат и со кои секојдневно се соочуваат.
Воедно своето задоволство го искажаа и дел од гостите- агрономи (соработници на ЗЗ Агро Фаланга), кои беа задоволни од пружената можност за проширување на своите знаења и отварање на нови хоризонти и гледишта за конкретната проблематика. Тие, исто како и членовите на здружението, со големо нетрпение ги чекаат следните предавања за да земат учество и во дискутирањето на останатите проблеми кои ги тангираат.