Отворена покана до сите пчелари од охридскиот, струшкиот и дебарскиот регион за учество на предавање од областа на пчеларството.
На 5-ти Август со почеток од 09:00 часот, професионалниот пчелар Љупче Станковски ќе одржи практично предавање на селидбениот пчеларник во с. Требениште. Предавањето ќе биде практичен приказ на теоретските предавања кои Станковски ги одржи во повеќе градови низ државата. Акцентот на предавањето ќе биде ставен на производството на мед.
Сите заинтересирани да се пријават кај председателот на пчеларското здружение “Охрид”, Тони Јосифовски. Превозот е во сопствена режија.
Like this:
Like Loading...
Related