Ново предавање на Љупче Станковски во Свети Николе на тема „Недостатоци во производството на мед и нивно отстранување”
На 15-ти Декември (петок) со почеток од 17:00 часот, во просториите на општинската сала во Свети Николе, Љупче Станковски ќе одржи предавање на тема „Недостатоци во производството на мед и нивно отстранување”.
По минатогодишното гостување, ова е втора дружба на Станковски со светиниколските пчелари. Темата која овојпат ќе ја предава е актуелна поради се полошите временски услови во последните неколку години и падот на производството на мед.