Одржана јавна расправа за Извештајот за стратегиска оцена на животната средина

На 07 Април 2015 со почеток во 12:00 часот во хотел Порта во нас. Аеродром се одржа јавна расправа каде беше презентиран Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од реализација на Националната стратегија за биолошка разновидност со акциски план (НСБРАП) за период од 2020 година со визија до 2050.

Осврт кон содржината на НСБРАП

Осврт кон содржината на НСБРАП

Извештајот е дел од Проектот Поддршка на Република Македонија за ревизија на Националната стратегија за биолошка разновидност и акционен план и изработка на петтиот национален извештај кон Конвенцијата за биолошка разновидност. Периодот на имплементација е Јануари 2013/ Декември 2014 година. Финансиер на Проектот е Глобален Еколошки фонд – Global Environment Facility (GEF). Агенција задолжена за имплементација е Канцеларијата на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП)

Ревизија на НСБРАП

Ревизија на НСБРАП

По покана на Македонското еколошко друштво во јавната расправа за Извештајот учествуваше и ЗЗ Агро Фаланга. Од здружението на настанот беа присутни Претседателот Љупче Станковски, Потпретседателот Тони Дуков и Фросина Трајковска – уредник и автор на веб страната на здружението. На јавната расправа претставниците на здружението остварија контакти со некои од присутните инволвирани во зачувувањето на биодиверзитетот на нашите простори. Овие контакти отвараат врати за учество во следни проекти и присуство на други вакви настани.

Претседателот на ЗЗ Агро Фаланга Љупче Станковски - десно на сликата. М-р Александар Настов од МЖСПЛ во средина. Тони Дуков - потпретседател на ЗЗ Агро Фаланга - лево на сликата.

Претседателот на ЗЗ Агро Фаланга Љупче Станковски – десно на сликата. М-р Александар Настов од МЖСПЛ во средина. Тони Дуков – потпретседател на ЗЗ Агро Фаланга – лево на сликата.

Во расправата се вклучија и Проф. Љупчо Неловски, поранешен претседател на Македонско еколошко друштво, М-р Александар Настов од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Г-ѓа Менка Спировска, овластен експерт за СОЖС. Академик Владо Матевски како Тим лидер на проектот го имаше воведниот збор на настанот.

Професор Љупчо Неловски

Професор Љупчо Неловски

Актвиностите од овој Проект не завршуваат тука, јавната расправа за Извештајот поттикна нови соработки и активности.

Leave a Reply