Охридските пчелари беа домаќини на првото предавање на Љупче Станковски за оваа сезона

На 1-ви Декември (петок), во општинската сала во Охрид со почеток од 19:00 часот, Љупче Станковски одржа три ипол часовно предавање на тема „Согледување на недостатоци во производството на мед и нивно отстранување”. На предавањето освен охридски пчелари, присуствуваа и пчелари од Струга и струшко.

dsc_0094

Станковски во оваа тема го има сублимирано своето 20 годишно искуство и сите негови согледувања во пракса во неговото долгогодишно пчеларење со што ги поттикна присутните да поставуваат прашања и да се развие дискусија на оваа интересна тема.

Предавањето беше проследено со Power Point презентација која изобилуваше со фотографии и видеа снимени од Станковски во неговиот пчеларник кои пластично ги доловуваа неговите согледувања и заклучоци.

Следното предавање на покана од ПЗ Матица, Љупче Станковски ќе го одржи во Скопје.

 

Leave a Reply