Охридските пчелари повторно се едуцираат

Охридските пчелари ја користат секоја можност за едукација во областа на пчеларството. Така со бројните предавања што ги организира тамошното пчеларско здружение„Охрид“, тие се во тек со сите новости во оваа област. Следното предавање кое го организира претседателот на здружението Тони Јосифоски е на тема „Прихрана на пчелните семејства во зимскиот период“, а гостин предавач е Гоце Костоски, професор по пчеларство. Предавањето ќе се одржи на 03 Ноември 2016 (четврток) со почеток од 19:00 часот во општинската сала во Охрид.

Leave a Reply