Покана за отворен состанок на одгледувачи на калифорниски црви – лумбрикултура
Здружението на земјоделци Агро Фаланга упатува отворена покана за состанок до сите одгледувачи на калифорниски црви (лумбрикултура). Состанокот е од отворен карактер и добредојден е секој, како членовите на здружението така и останатите кои се бават со оваа дејност.
Состанокот ќе се одржи на 27.02.2016 (сабота) во просториите на месната заедница Алексо Демниевски- Бауман во Велес. Истиот ќе започне во 18:00 часот.
Со цел групирање на луѓето од оваа дејност, нивна соработка, размена на информации и искуства и решавање на проблемите со кои се соочуваат поради несоодветна законска регулатива и други проблеми при работењето, состанокот ќе биде со следниот
ДНЕВЕН РЕД
Точка 1: Формирање на подсекторска група за лумбрикултура со избор на тим лидер што ќе ја претставува пред институциите на системот.
Точка 2: Изработка на програма по која ќе работи подсекторската група (цели, задачи, стратегија).
Точка 3: Изработка на план за соработка и модуси на активности за зголемување на продажбата на хумусот.
Точка 4: Потенцијали кои произлегуваат од Договорот за соработка со УКИМ Институтот за земјоделие и Договорот за соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна.
Точка 5: Разно
Од формирањето на подсекторската група се очекува нејзино конзистентно функционирање, јакнење на оваа дејност, остварување на интересите на оваа бранша, развивање на тренд на користење на најквалитетното органско ѓубриво во земјоделието- хумусот со што директно ќе се влијае на порастот на органското производство. На тој начин бенефит ќе имаат не само одгледувачите на калифорниски црви туку и нашиот граѓанин кој ќе користи органски производи произведени со проверено и квалитетно органско ѓубриво на наше македонско тло.
За подетални информации околу состанокот на следниот телефон: 078/254-898