За време на првиот зимски преглед (обично крајот на јануари или почетокот на февруари) кога времето е тивко и температурата надминува десетина степени, се врши проверка за изгубени матици во семејствата и нивно спојување. Од тој момент се започнува со водење на дневник за состојбата на пчелните семејства. Воедно се врши и проверка за количините на храна што се останати во семејствата. За да не додаваме погачи кои чинат повеќе од сирупот, но и бараат многу работни часови за додавање и отстранување од рамките јас практикувам ослабените со храна друштва (посебно јаките со пчели) да ги прихранам со шеќерен сируп во сооднос 1:1. На овој начин се постигнува складирање на храната на местото кое пчелите сами го преферираат, т.е. сметаат дека во овој временски период е најсоодветно за нив и најпрактично за користење. За практикување на овие совети потребно е користење на рам хранилка која може да се префрли во било кој дел од сандакот, вклучувајќи ја и можноста за краток временски период , да се постави и во средината до самото клубе. Потоа потребно е користење на шина под рамките, како што се гледа од снимката каде без оглед на временскиот период и температура можат да се ,, возат,, сите рамки и да се интервенира според потребите во сандакот и тогаш овие операции се лесно изводливи.