На покана од претседателот на пчеларското здружение „Пијанечка пчела 2″ од Делчево, Јованчо Медарски, професионалниот пчелар Љупче Станковски за првпат ќе гостува со предавање во овој град.
Предавањето кое ќе биде на тема „Функционален систем на работа и современа технологија во модерното пчеларење”, ќе се одржи на 20-ти Декември (среда) 2017 година со почеток во 17:00 часот.
Предавањето воедно е и прилика за поблиско запознавање со делчевските пчелари и воспоставување соработка на „ЗЗ Агро Фаланга” и со ова пчеларско здружение во нашата држава.

Like this:
Like Loading...
Related