Еден од најголемите проблеми за пчеларите е изројувањето на пчелите. Овој пат ви прикажуваме видео од професионалниот пчелар Љупче Станковски каде тој објаснува секундарен метод за заштита при изројување на пчелите. Неговото објаснување е следното „Примарен начин за спречување на роење на пчелите е унуштување на матичњаците. Но, во десет до петнаесет проценти од друштвата сепак се случува изројување. Секундарен начин на спречување на „бекство“ на ројот кој излегува од сандакот е сечење на едното крило на матицата што ја спречува да одлета на некое дрво. Во видеото покажуваме што се случува со дел од ројот (главниот дел се враќа во сандакот) кој ја покрива матицата падната во травата и полека се движи назад во сандакот но не успева да го погоди влезот, туку навлегува под мрежестата подница и не чека по неколку дена за да го прибереме. Иако одреден број на пчели заедно со матицата е надвое од сандакот, сепак основната мисија е извршена, а тоа е дека не сме изгубиле рој.“