Пријавувањето на бројна состојба на презимени пчелни семејства е во тек- рокови и нови измени при пријавувањето

Ги информираме пчеларите кои сакаат да пријават број на презимени пчелни семејства кај својот матичен ветринар, дека истото се одвива од 1 до 15 Април.

Оваа година при пријавувањето секој пчелар е должен на гугл мапс да ги пронајде координатите од своите пчеларници и истите да ги запише и приложи во ветеринарната станица при пријавувањето на бројната состојба. Причината за приложување на координатите е потребата на инспекторите од агенцијата за финансиска подршка во било кое време да може да посетат некој пчеларник и без известување и знаење на пчеларот да ја извршат потребната инспекција.

Оваа постапка е потребна и за сите останати регистрирани одгледувалишта на стока како што се кози, крави, овци, говеда и др.

При преселба на животните или пчелите, сточарот/пчеларот потребно е да извади сертификат за здравствена исправност на истите кај матичниот ветеринар. Доколку контролорите при контролата на одгледувалиштата/пчеларниците, на лице место констатираат дека стоката или пчелите не се на локацијата од пријавеното РБО, тогаш сточарот/пчеларот треба да го достави сертификатот за здравствена исправност на животните до Агенцијата  за финансиска поддршка. Доколку не се достави овој сертификат, тогаш се губи правото на финансиска поддршка. При преселба на животните/пчелите се вади ново РБО за новата локација.

Потребата од пријавување на координати важи за сите регистрирани одгледувалишта на еден пчелар, исто и за останатите одгледувачи на животни.

Leave a Reply