Промоција на енергетската ефикасност на општините во Македонија
Во рамки на проектот Промоција на енергетската ефикасност на општините во Македонија, Консалтинг за стратешки развој во соработка со Светска банка и Агенцијата за енергетика на Република Македонија организираат 8 работилници, во секој од планските региони во Република Македонија. Дел од работилниците веќе се одржаа, а Здружението за земјоделци Агро Фаланга веќе учествуваше на работилницата која се одржа на 4-ти Февруари во хотелот Романтик. Оваа работилница беше наменета за Вардарскиот регион и на неа беа споделени резултати, искуства и корисни совети од процесот на изработка на различни документи кои се важни за енергетската ефикасност на општината (општински програми за ЕЕ, општински акциски планови за ЕЕ, пред-физибилити студии итн.), во рамки на Програмата за енергетска ефикасност на Светска банка. Претставниците на здружението се вклучија во дискусијата со свои мислења и гледишта за оваа проблематика.

Работилница што се одржа во хотел Романтик, Велес
Оваа програма се спроведува 18 месеци во периодот 2014-2016 и има за цел да ја зголеми ефикасноста на користењето енергија во општините во Македонија со унапредување на капацитетот на локалните самоуправи да идентификуваат и спроведуваат енергетски ефикасни можности во општинскиот сектор. Реализацијата е преку давање поддршка на 8 општини (Радовиш, Старо Нагоричане, Новаци, Кавадарци, Пехчево, Брвеница, Лозово и Росоман) да изработат различни документи кои се важни за ЕЕ на општината (општински програми за ЕЕ, општински акциски планови за ЕЕ, пред-физибилити студии итн.) и споделување на искуствата со сите општини во земјата.
Еве го распоредот на работилниците од кои некои веќе се одржани:
- 21 јануари 2016, Струмица (Југоисточен регион) за следните општини: Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Конче, Радовиш.
- 26 јануари 2016, Штип (Источен регион) за следните општини: Берово, Пехчево, Делчево, Виница, Зрновци, Карбинци, Штип, Пробиштип, Чешиново, Кочани, Македонска Каменица.
- 4 февруари 2016, Велес (Вардарски регион) за следните општини: Чашка, Кавадарци, Росоман, Демир Капија, Неготино, Градско, Велес, Лозово, Свети Николе.
- 9 февруари 2016, Битола (Пелагониски регион) за следните општини: Долнени, Крушево, Кривогаштани, Демир Хисар, Ресен, Битола, Могила, Новаци, Прилеп.
- 11 февруари 2016, Куманово (Североисточен регион) за следните општини: Кратово, Крива Паланка, Ранковце, Старо Нагоричане, Куманово, Липково.
- 16 февруари 2016, Тетово (Полошки регион) за следните општини: Јегуновце, Теарце, Тетово, Желино, Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Маврово и Ростуша.
- 18 февруари 2016, Струга (Југозападен регион) за следните општини: Македонски Брод, Пласница, Кичево, Дебар, Центар Жупа, Дебарца, Струга, Вевчани, Охрид.
- 23 февруари 2016, Скопје (Скопски регион) за следните општини: Град Скопје, Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел, Чаир, Ѓорче Петров, Сарај, Шуто Оризари, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден, Арачиново, Чучер Сандево.
Во рамки на проектот ќе биде подготвен и дистрибуиран и прирачник, наменет да ја води општинската администрација (градоначалник, совет на општина, ЕЕ менаџер, ЕЕ администратор итн.) чекор по чекор низ процесот на создавање ефикасна и остварлива програма за енергетска ефикасност и нејзина имплементација.
Остануваат уште 3 работилници кои треба да се спроведат, со кои ќе се заокружи овој дел од проектот.