Професор д-р Бојан Поповски нов соработник на ЗЗ Агро Фаланга и член на потсекторот за лумбрикултура

Здружението за земјоделци Агро Фаланга во насока на ширење на својата соработка со државните институции, факултетите и стручни лица од разни области, од 07 Март 2016 година за свој соработник го има Проф. д-р Бојан Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Професорот Поповски од страна на здружението е назначен за член на потсекторот за лумбрикултура, а воедно и за член на Комисијата за изработка на Програмата за дејствување на потсекторот за лумбрикултура. 

Проф. Поповски

Проф. д-р Бојан Поповски

Кратка биографија:

Проф. д-р Бојан Поповски е вонреден професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопјепри Универзитетот Св. Кирил и Методиј од СкопјеТој е вонреден професор по следните наставни предмети:

  1. Специјално овоштарство
  2. Облагородување на овошните растенија
  3. Познавање на овошјето

Професорот е роден 1965 година во Скопје. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Скопје на насоката за лозаро-овоштарство во 1990 година. Дипломската работа што ја изработил под менторство на Проф. д-р Борис Ристевски била на тема: Производство и примена на хумусот од црвените калифорниски црви во овоштарството. По дипломирањето се вработил како помлад асистент по предметот Специјално овоштарство, каде работи и денес. Магистрирал и докторирал на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

Фактот што Проф. д-р Бојан Поповски е еден од првите производители на хумус од калифорниски црви уште во времето кога оваа дејност за прв пат влегува во Република Македонија оди во прилог на работата на потсекторот за лумбрикултура. Имено Професорот Поповски уште во студентските денови се занимавал со одгледување на црвени  калифорниски црви, производство, рафинирање, пакување и продажба на хумус, при што имал основано и своја фирма за таа намена.

Здружението за земјоделци Агро Фаланга му посакува добредојде во својот тим на почитуваниот Проф. д-р Бојан Поповски со желби за успешна соработка, актуелизирање и решавање на проблемите со кои се соочуваат нашите земјоделци, нивна поддршка, афирмација и едукација со цел издигнување на оваа дејност на ниво на стратешко значење за Република Македонија.

Leave a Reply