
Проф. д-р Бојан Поповски
Проф.д-р Бојан Поповски- вонреден професор,
Вработен на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) во Скопје, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје.
Наставни предмети:
1. Специјално овоштарство
2. Облагородување на овошните растенија
3. Познавање на овошјето
Роден е во Скопје 1965. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Скопје, лозаро-овоштарска насока во 1990 година. Изработил дипломска работа на тема: Производство и примена на хумусот од црвените калифорниски црви во овоштарството (ментор проф.д-р Борис Ристевски). Веднаш после дипломирањето се вработил како помлад асистент по предметот Специјално овоштарство, каде работи и денес. Магистрирал и докторирал на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.
Интересно за него е дека уште како студент (од 1985 година) се занимавал со одгледување на црвени калифорниски црви, производство, рафинирање, пакување и продажба на хумус. За време на студирањето, за вршење на оваа дејност формирал и своја фирма. Тој е еден од првите производители на хумус од калифорниски црви од кога оваа дејност за прв пат е влезена во Република Македонија.