Пчеларите во Велес го одбележаа Благовец, денот на пчеларите

7-ми Април е денот кога пчеларите во Македонија го одбележуваат својот патрон празник Благовец. Во Велес традиционално овој празник се одбележува во црквата Свети Спас, со литургија во попладневните часови и пригоден ручек на кој имаат можност да се дружат и да си разменат искуства од пчеларењето.

DSCI2640

DSCI2642

Здружението за земјоделци „Агро Фаланга“ веќе трета година по ред се јавува како организатор на прославата и оваа година на големо задоволство пчеларите ги имаше во голем број. Освен велешките пчелари, присутни беа и пчелари членови на здружението од други градови. Оваа година кумови на празникот беа Гоце Настовски и Тодор Шуманов.

DSCI2613

Службата во црквата ја водеше поп Борис Симонов, кој воедно е пчелар и член на здружението. Тој секогаш несебично ја дава својата поддршка на пчеларите, а исто така ги учи на меѓусебно помагање, почитување и поддршка. Овој пат на присутните пчелари им посака пред се мир, благосостојба и медна година.

DSCI2624

DSCI2629

По службата пчеларите се упатија кон црковната трпезарија каде со пригоден говор ги поздрави претседателот на здружението Станковски, кој им посака успешна пчеларска година и секако ги потсети на важноста од меѓусебната соработка и поддршка.

DSCI2648

Ваквите дружби и заеднички прослави се повеќе од потребни заради јакнење на духот на заедништвото, бидејќи како што кажува самото име на здружението, кога сме заедно сплотени тогаш сме најсилни, збиени како војска во непобедлива фаланга. Само здружени земјоделци, можат да бидат успешни земјоделци.

Leave a Reply