Пчеларското здружение Братство од Прилеп при набавка на опрема ги користи бенефитите од потпишаниот Меморандум за соработка
Пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп, согласно Меморандумот за соработка што го потпиша со „Агро Фаланга“ на 26-ти Јануари 2017 година ја посети компанијата „Пчелни пат“ од Неготино. Делегацијата од четворица пчелари од здружението имаа можност да разгледаат најразлична пчеларска опрема и истата да ја набават со попуст од 10%. Овој попуст им го обезбедува „Агро Фаланга“ како здружение кое се залага за меѓусебна помош и взаемна соработка и обезбедува услуги и опрема за земјоделците по повластени цени.
Претставниците од прилепското пчеларско здружение за потребите на своите членови набавија внатрешни хранилки по намалена цена од 54,00 МКД по парче. Хранилките беа поделени во просториите на нивното здружение, во рамките на одржување на една од редовните средби на здружението.