Распоред на информативни кампањи за заштита на растенијата

 

Карантински штетни огранизми на коскестото овошје

Карантински штетни огранизми на коскестото овошје

Во рамките на Проектот финансиран од Ипа и Таиб 2009 насловен како Градење на капацитетите на надлежните органи за безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика ќе се одржат 7 регионални кампањи на тема :  Информативни кампањи за интегрирана заштита на растенијата како составен дел од добрата земјоделска пракса – имплементација и официјални контроли. За време на проектот се изготвени над 13 брошури како што се брошурите Штетни организми на коскестото овошје и Мерки за сузбивање на економски значајни штетни организми на коскесто овошје. 

Заклучоци од првото предавање одржано во Велес

Заклучоци од првото предавање одржано во Велес

Во Велес на 26 Март 2015 веќе беше одржана првата презентација на тема Коскесто овошје каде што беа презентирани првите две брошури. Следното предавање ќе се одржи на 03 Април 2015 во Ресен на тема Штетни организми кај јаболчестото овошје каде ќе се презентира брошурата за штетните организми кај јаболчестото овошје и мерките за нивна контрола.

Предавачи на Проектот

Предавачи на Проектот

Агендата на останатите предавања е следната: Куманово 24 Април 2015 на тема Пченица и јачмен; Кавадарци 8 Мај на тема Лоза и коскесто овошје; Прилеп 05 Јуни 2015 на тема Тутун; Тетово 10 Јуни 2015 на тема Јаболчесто и коскесто овошје; Берово на 12 Јуни 2015 на тема Компир и коскесто овошје.

Предавањата се од големо едукативно значење не само за вработените во институциите надлежни за оваа проблематика, туку и за земјоделците кои ги одгледуваат овие култури, за заеничка борба против штетниците и подобрување на економскиот аспект во одгледувањето на овие култури.

Leave a Reply