Соопштение: Најава за состанок на Комисијата за изработка на Програмата за делување на потсекторската група за лумбрикултура
Комисијата која беше формирана на 27 Февруари 2016 година во рамките на Потсекторот за лумбрикултура на ЗЗ Агро Фаланга, а чија задача е изготвување на Програма за делување на потсекторот, ќе се состане на 03 Март 2016 година. Ова ќе биде прв состанок на Комисијата во следниот состав: Тим лидер- Ивица Митрушов, Љупче Станковски – Претседател на Здружението и Владимир Михајловиќ – член.
Комисијата на состанокот ќе работи на изработката на Планот и Програмата за делување на потсекторот како и на дефинирање на целите, мисијата, визијата и стратегијата на потсекторот. При работата ќе се земат во предвид интересите на одгледувачите на лумбрикултура како и поширокиот интерес на земјоделците кои се бават со органско производство, како и интересите на граѓаните кои сакаат да конзумираат органски производи произведени на македонска почва.
Заклучоците од состанокот согласно транспарентната работа на здружението ќе бидат дополнително објавени.