Соопштение – одржување состаноци на ЗЗ Агро Фаланга

 

Членови на ЗЗ Агро Фаланга

Членови на ЗЗ Агро Фаланга

Соопштение до сите наши членови и сите оние кои се заинтересирани да членуваат во нашето Здружение а се бават со некоја земјоделска дејност. Ви соопштуваме дека можете да присуствувате на нашите состаноци кои се од отворен тип. Состаноците се одржуваат секоја среда во период од 18:00 до 21:00 часот во месната заедница Алексо Демниевски-Бауман, Велес. На состаноците се дискутира за сите проблеми со кои се соочуваат земјоделците и нивни можни решенија за кои се залагаме да ги оствариме. Вашето присуство е добредојдено и ќе бидете сослушани со крајно внимание и почит. Ќе ни биде задоволство да ве видиме во што поголем број!

Со почит,

Претседател на ЗЗ Агро Фаланга – Љупче Станковски

Leave a Reply