Состанок на сточари во организација на ЗЗ Агро Фаланга

На 28 Април 2017 (петок), со почеток од 12:00 часот во хотел Гардениа во Велес, ќе се одржи состанок на сточари од цела Македонија.

ovci

На барање од сточари од прилепско, Здружението за земјоделци „Агро Фаланга“ од Велес, ги организира сточарите од цела Македонија за заедничка средба, со цел разрешување на постоечките проблеми. На средбата најавија доаѓање сточари од гостиварско, кавадаречко, велешко, прилепско, битолско, беровско, дебарско и малешевијата. После подолго анализирање на проблемите, во разговор со сточарите, се утврдија проблемите со кои веќе подолг период се соочува оваа категорија на земјоделци. Тема на состанокот е барање на решение за проблемот со ниската откупна цена на јагнето, намалената побарувачка (отсуство на откуп) за телешко месо, ниската откупна цена на млекото, односно воопшто немање интерес за откуп на истото од постоечките млекари кај нас.

Состанокот има за цел здружување на сточарите и заедничко изнаоѓање на решенија за овие сериозни проблеми кои се закануваат дури и по опстанокот на сточарството кај нас.

Leave a Reply