Туторијал за парафинирање на пчелни сандаци

Во серијата туторијали со професионални совети за пчеларење и корисни и конкретни објаснувања со примери на лице место на пчеларник, овојпат имаме туторијал кој ни го објаснува процесот на парафинирање на пчелни сандаци. Со овој процес на парафинирање на пчелни сандаци тие стануваат отпорни на влага, а во исто време им се продолжува работниот век многукратно. За оние пчелари кои пчеларат органски важно е да се напомене дека ова се врши на ист начин само со пчелен восок. Постојат два вида на парафин, со точка на топење од 60  и 80 степени. Без разлика кој вид на парафин ќе се употреби, сандаците ќе бидат далеку позаштитени отколку со конвенционалниот начин со фарбање, а воедно се заштедува и многу време со процесот на парафинирање.  Начинот и времетраењето на парафинирањето се објаснети во видеото од страна на професионалниот пчелар Љупче Станковски.

Leave a Reply