Туторијал за поставување на стапица за оси како одбрана на пчелите
Постојат многу методи за сузбивање на штетниците кај пчелите, посебно за осите. Постојат разни совети од типот да се постават рипчиња со отров, потоа пиво со оцет, па некои други замки и комбинации на првите. Сепак многу од тие се неефикасни и не го решаваат проблемот со осите. На видеото ќе го видите најпростиот метод кој го користеше нашиот пчелар Николче Николовски од Чашка, а ефикасно се примени и на пчеларникот на пчеларот Тони Дуков во Еловец, на кој пчеларник е снимено ова видео. За да ја направите оваа замка потребни ви се само пластични шишиња кои се пресечени во горниот дел кој е свртен наопаку и вратен во шишето и шеќерен суруп направен од шеќер и вода во сооднос 1: 1. Сирупот се додава до половина во пресеченото шише. Погледнете го видеото подолу и видете како изгледа тоа и кој е ефектот од вака направената замка.