Туторијал за проширување на сандак со рамки 1 и 2 дел
Проширувањето на пчелниот сандак со рамки е есенцијален дел од одгледувањето на пчели. Пчелите во различен период од годината се со различна јачина во сандакот, па според тоа и нивното живеалиште треба да се прилагоди спрема нив. Ова прилагодување се прави за да може пчелата да преживее во зимскиот период, а пак во периодот на паша да и се овозможат услови за максимален принос на мед.
Проширувањето се врши постепено за да не се наруши термичката рамнотежа во сандакот. При проширувањето се внимава на матицата да не се згмечи, а најголем знак дека е време за проширување доколку се забележи зголемена густина на пчелите како што може да се види во видеата. Исто така доколку рамките коишто се веќе во сандакот се занесени со јајца тогаш е време за додавање на нови рамки.