Утре ќе се одржи Годишното Собрание на ЗЗ Агро Фаланга
Годишната седница на Собранието на Здружението за земјоделци Агро Фаланга од Велес, ќе се одржи на 27 Март 2016 година (недела) во 18:00 часот во просториите на месната заедница Алексо Демниевки-Бауман во Велес. Собранието ќе има свечен и работен дел. На свечениот дел претседателот на здружението, Љупче Станковски ќе одржи поздравен говор за добредојде на гостите и членовите. Работниот дел ќе се одвива според однапред утврден дневен ред.
Почесни гости на Собранието ќе бидат соработниците на здружението од УКИМ Земјоделски институт Проф. д-р Мелпомена Поповска и Проф. д-р Емилија Симеоновска, а од Факултетот за земјоделски науки и храна Проф. д-р Бојан Поповски.
Собранието ќе биде медиумски покриено од страна на регионалната К1 телевизија.
Собранието ќе работи според следниот:
Дневен ред:
- Претставување, разгледување и усвојување на Годишен извештај на ЗЗ Агро Фаланга за 2015 година.
- Претставување, разгледување и усвојување на Годишен финансиски извештај на ЗЗ Агро Фаланга за 2015 година.
- Претставување, разгледување и усвојување на Годишна програма на ЗЗ Агро Фаланга за 2016 година.
- Претставување, разгледување и усвојување на Годишен финансиски план на ЗЗ Агро Фаланга за 2016 година
- Претставување, разгледување и усвојување на Деловник за работа на Собранието на ЗЗ Агро Фаланга.
- Претставување, разгледување и усвојување на Деловник за работа со членство на ЗЗ Агро Фаланга.
- Претставување, разгледување и усвојување на предлози за надополнување на Статутот на ЗЗ Агро Фаланга.
- Претставување, разгледување и усвојување на Кодекс за однесување на членовите на ЗЗ Агро Фаланга.
За резултатите од работењето на Собранието, здружението ќе даде известување на веб сајтот.