Јавен повик за ИПАРД програмата – мерка 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност
Мерката 112 од ИПАРД програмата е наменета за помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност.
Максимална вредност на прифатливите трошоци по оваа мерка изнесуваат до 600.000 денари по поединечен корисник.
Право за користење на средствата имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за земјоделство и рурален развој.
Средствата од мерката 112 се наменети за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.
Средствата од оваа мерка се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво и тоа најмногу на три рати. Поддршката е условена со задолжително исполнување на предвидените активности од Деловниот план за мерка 112.
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средствата се утврдени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година и Законот за земјоделство и рурален развој.
Крајниот рок за аплицирање по оваа мерка е 03.03.2016 година.
Подетални информации за мерката 112 во јавниот повик на следниот линк www.ipardpa.gov.mk