Јавен повик за ИПАРД програмата – Мерка 121.2 – набавка на пчелни матици и опрема за пчеларство
Мерката 121 од ИПАРД програмата се однесува на инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства. Конкретно подмерката 121.2 се однесува на набавка на пчелни матици и опрема за пчеларство.
По оваа мерка предвидени се средства во висина до 800.000,00 денари максимална вредност за набавка на опрема за пчеларство и во висина до 600.000,00 денари максимална вредност за набавка на пчелни матици. Висината на овие средства се однесува на поединечен корисник.
Право за користење на средствата имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Законот за земјоделство и рурален развој.
Средствата од мерката 121.2 се наменети за набавка на нови основни средства, оперативни трошоци поврзани со набавените средства и останати трошоци предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.
Ставката за ко-финансирање за оваа мерка се зголемува во следните случаи:
- за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%
- за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%
- за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец до 65%
- за инвестиции во недостапни рурални заедници до 75%
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средствата се утврдени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година; Законот за земјоделство и рурален развој; Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршка од мерките за рурален развој, прифатливи трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка; Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.
Крајниот рок за аплицирање за оваа мерка е 10.03.2016
Подетални информации за мерката 121.2 во јавниот повик на следниот линк www.ipardpa.gov.mk