Јавен повик за ИПАРД програмата – мерка 121- Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства

Мерката 121 од ИПАРД програмата се однесува на инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства.

По оваа мерка се исплаќаат средства во висина до 2.500.000 денари по корисник за подигнување на нови лозови и овошни насади и медоносна флора на нови површини.

Средства во висина до 6.500.000 денари по корисник се исплаќаат за набавка на добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија и од увоз и тоа:

  • набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата Буша)
  • набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци
  • набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози
  • набавка на педигрирани свињи (нерези и назимки)- оригинали и хибриди

Право на користење на средствата имаат Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС).

Средствата од оваа мерка се наменети за подигнати лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини и набавка на добиток во периодот од 01 Октомври до 31 Декември 2015 година.

За мерката 121 финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.

Ставката за ко-финансирање за оваа мерка се зголемува во следните случаи:

  • за инвестиции на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%
  • за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%
  • за инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на инвестицијата е млад земјоделец до 65%
  • за инвестиции во недостапни рурални заедници до 75%

Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.

Краен рок за доставување на барањата за исплата е 29.02.2016 година.

Подетални информации во јавниот повик на следниот линк  www.ipardpa.gov.mk

 

Leave a Reply