Љупче Станковски одржа предавање пред прилепските пчелари

Гостопримливи и љубезни, продолжувајќи ја традицијата со организирање предавања за своите членови, прилепското здружение на пчелари „Братство“, на 26 Декември 2016 го пречека Љупче Станковски, последниот гостин-предавач за 2016 година.

dsc_0032Предавањето насловено како „Функционален систем на работа и современа технологија во модерното пчеларење“ предизвика голем интерес и бројни прашања од присутните пчелари. Тие беа заинтересирани и за опремата со која Станковски пчелари, а која воедно беше презентирана на предавањето. Како што објасни предавачот, рамките, сандаците, подниците и капаците се изработени со одредени иновации кои тој ги осмислил и ги инкорпорирал со текот на годините. Овие иновации се со цел поголема функционалност и практичност на опремата што води кон олеснето пчеларење и поголема продуктивност.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Практичниот акцент во системот на пчеларење на Станковски беше потенциран и во ова предавање, функционалноста беше исто така нагласена во повеќето аспекти на пчеларењето како што е селење, прихрана на пчелните семејства, брз преглед, третирање со оксална киселина рамка по рамка и тн. На предавањето беше пуштен и туторијал од јутуб каналот на ЗЗ Агро Фаланга за кој Станковски редовно снима практични видеа од областа на пчеларството.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Поради големата заинтересираност за предавањето и големиот број на теми што останаа само начнати поради недостатокот на време да се опфатат сите аспекти на модерното пчеларење, Љупче Станковски по новогодишните празници повторно ќе биде гостин на пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп.

Leave a Reply