Љупче Станковски утре ќе одржи предавање во Свети Николе на тема Функционален систем на работа и современа технологија во модерното пчеларење.

Во сабота на 11 Март 2017 год. со почеток од 17 часот, Љупче Станковски, ќе одржи предавање во општинската сала во Свети Николе.

Предавањето ќе биде на тема: Функционален систем на работа и современа технологија во модерното пчеларење.

Предавањето е дел од серијата предавања кои Станковски ги одржува овој период во повеќе градови низ РМ. Предавањата се бесплатни и се наменети како за млади пчелари кои сакаат да научат модерни е ефикасни техники на пчеларење, така и за оние постарите кои сакаат да направат промени во начинот на нивното пчеларење.

Предавањата се во два дела, од кои првиот дел се однесува на изработка на квалитетна опрема со голема функционалност која овозможува брзина во работата, а вториот дел се однесува на современиот систем на работа со пчелните семејства.

 

Leave a Reply