На 12-ти Февруари (вторник) 2019 г. во општинската сала во Охрид со почеток од 17:00 часот, предавање ќе одржи професионалниот пчелар Љупче Станковски. Предавањето ќе се одржи на тема: ,,Интензивирање на пролетен развој кај пчелните семејства”.
Со ова предавање се продолжува соработката на ,,ЗЗ Агро Фаланга” со пчеларското здружение ,,Охрид” од Охрид. Соработката се темели и на взаемно помагање на велешките и охридските пчелари, размена на искуства од пчеларењето во овие два климатски различни региони.
Исто така, двајца охридски пчелари веќе имаа можност на покана од Љупче Станковски да донесат пчели во велешко во време на паша. Нивното искуство се покажа позитивно, а поканата е отворена и оваа година за охридските пчелари. Во меѓувреме Станковски пак, веќе две сезони со селење на дел од своите пчели во охридско, ги истражува условите за пчеларење во овој регион. Овој тип на соработка пред се даде една компаративна слика за условите на пчеларењето во велешкиот и охридскиот регион, предностите и недостатоците на истите. Овие искуства на пчеларите им отвараат можности за селидбено пчеларење според условите и различните временски периоди на паша во овие два региони.
Like this:
Like Loading...
Related