Агро Фаланга и Братство Прилеп потпишаа меморандум за соработка

Здружението за земјоделци Агро Фаланга и пчеларското здружение Братство Прилеп, 2016 година ја заокружија со потпишување на меморандум за соработка. На 26 Декември 2016 во Прилеп, Љупче Станковски, претседател на Агро Фаланга и Дејан Бошкоски, претседател на Братство Прилеп го потпишаа меморандумот за пријателска соработка и взаемна помош.

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Меморандумот се потпиша во пријателска атмосфера која продуцираше свежи идеи за соработка и помош помеѓу двете здруженија. Инаку овој меморандум е дел од поголемиот број меморандуми кои Агро Фаланга ги потпиша изминатата година со повеќе здруженија ширум Македонија. Идејата зад овој вид на здружување е взаемна помош, олеснување при функционирањето на здруженијата, набавки на поевтина опрема, размена на корисни информации кои ќе придонесат за поголема функционалност на здруженијата и подостапни услуги за земјоделецот.

dsc_0040

Leave a Reply