Агро Фаланга на работен состанок при Македонското здружение за заштита при работа

dsci2353

На 15 Септември 2016 година, следбено на предвидените активности на проектот „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со државните институции“, спроведуван од балканската мрежа за БЗР BALcanOSH.net, а на иницијатива на Македонското здружение за заштита при работа се одржа работен состанок. Состанокот се одржа во едукативниот центар за БЗР и на истиот беа поканети да учествуваат социјалните партнери, граѓанските организации, образовни институции, медиуми, претставници од релевантни сектори и други засегнати чинители.

dsci2367

Целта на состанокот беше: Идентификување на потреби, недостатоци и проблеми на граѓанските организации и медиумите во вклучување и креирање на политиките во општеството, градење на партнерства помеѓу нив во процесот на донесување на одлуки со цел да се олесни размената на знаење, вештини и врски, како и зголемување и проширување на нивното влијание во кампањи и застапување во стратешки оперативни планови и политики на национално и регионално ниво.

dsci2373

Состанокот го водеше проект менаџерот Милан Петковски на кој присутните развија жива дискусија околу законската регулатива, проблемите околу евидентирањето на повредите при работа и различните статистички податоци за ваквите повреди кои ги даваат меродавните институции во државата. На состанокот, претставниците од „Агро Фаланга“ го истакнаа фактот дека најмногу повреди на работа има во земјоделието, а не како што владее општо  мислење дека тоа е случај во градежништвото. Притоа освен случаите со повреди при ракување со трактори и други земјоделски  машини, беа посочени и други видови на повреди, односно состојби на труење при ракување со токсични препарати кои имаат долгорочни па и фатални последици по здравјето на земјоделците.

dsci2370

dsci2364

На крајот од состанокот се покрена иницијатива ваквите средби да бидат почести, со цел да се постигне заедничка соработка која ќе помогне во подигнување на јавната свест во унапредување на безбедноста и здравјето при работа.

 

Leave a Reply