Агро Фаланга потпиша меморандум за соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна

Здружението за земјоделци „Агро Фаланга“ продолжува со ширење на соработката со образовните институции во нашата држава

На 25 Август 2016 година ЗЗ „Агро Фаланга“ потпиша меморандум за научно-едукативна и опитна (апликативна) соработка со „Факултетот за земјоделски науки и храна“ и „Центарот за применети истражувања и перманентно образование во земјоделството – ЦИПОЗ“.

Потпишување на меморандумот за соработка

Потпишување на меморандумот за соработка

dsci2339

Претседателот на Агро Фаланга – Љупче Станковски со Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна – проф. Д-р Драги Димитриевски

Во салата за состаноци на „Факултетот за земјоделски науки и храна“ меморандумот го потпишаа претседателот на „ЗЗ Агро Фаланга“, Љупче Станковски и Деканот на факултетот, проф. Д-р Драги Димитриевски. Меморандумот беше потпишан и од страна на директорката на „Центарот за применети истражувања и перманентно образование“, Д-р Даниела Димовска.

dsci2335

dsci2340

Меморандумот претставува зацврстување на веќе постоечката соработка помеѓу здружението и факултетот, а воедно е извор на идеи и насоки во кои треба да се движи понатамошната соработка, се со цел унапредување на земјоделието во нашата држава и тоа преку изнаоѓање решенија за горливите проблеми на земјоделците.

Leave a Reply