Агро Фаланга со учество на форумот на Цивика Мобилитас – Време на предизвици

На 16 Ноември 2016 година, Цивика Мобилитас организираше форум насловен како „Време на предизвици“. Форумот се одржа во хотелот Дрим во Струга каде учествуваа над 350 претставници на граѓански организации, општини, ученици, граѓани, студенти, меѓу кои свои претставници имаше и ЗЗ Агро Фаланга.

На националниот форум се одржаа 21 настан кои беа организирани од граѓанските организации, а во Social Change market се претставија триесетина организации.   

dsc_0016

dsc_0014

Претставниците на Агро Фаланга учествуваа во носечкиот панел на тема „Време на предизвици – улогата на граѓанското општество во унапредувањето на демократијата во Македонија. Претседателот на Агро Фаланга, Љупче Станковски зема учество во дискусијата на овој панел и укажа на маргинализацијата на земјоделците кои всушност претставуваат една голема бројка од популацијата која не е за потценување и доколку би се опфатила со програмите за поддршка на граѓанските организации и активно би се вклучила во граѓанските процеси и активности, тогаш таа може да има огромно влијание врз менувањето на општествените прилики.

15058602_10207611495152321_1671659696_n

Форумот претставуваше уште една прилика Агро Фаланга да ја потенцира маргинализацијата на земјоделците и потребата за нивна интеграција во граѓанското општество, застапувајќи ги како и секогаш правата и интересите на земјоделците.

Leave a Reply