Битолските пчелари се организираат за првото предавање во Битола на професионалниот пчелар Љупче Станковски

На 17 Март 2017 год. (петок), со почеток од 16:30 часот во Младинскиот културен центар во Битола, Љупче Станковски, професионален пчелар и претседател на „ЗЗ Агро ФАланга“ ќе одржи предавање на тема „Функционален систем на работа и современа технологија во модерното пчеларење“.

Иницијативата за ова предавање произлезе од желбата за напредок и нови знаења на младите пчелари од Битола. Тие се организираа самоиницијативно и го поканија Станковски да им одржи предавање од областа на пчеларството, со што ќе добијат можност да се запознаат со нови, модерни техники во пчеларењето, а воедно и со софистицирана и функционална опрема за работа.

17349129_10154563183897736_2074195011_o

Leave a Reply