Брошура за болести и штетници на пченицата и јачменот
Како резултат на активното учество на ЗЗ Агро Фаланга во проектот Градење на капацитетите на надлежните органи за безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика кој е реализиран со поддршка на ИПА и ТАИБ 2009, а со цел поголема достапност до земјоделците и сите заинтересирани, во периодот што следи на нашиот веб сајт ќе ви ги презентираме брошурите кои беа испечатени во рамките на овој проект. Како прва и една од најзначајните култури поради економската важност во нашата држава ви ја претставуваме брошурата за Болести и штетници на пченицата и јачменот. Истата може да ја погледнете на линкот подолу, а воедно и да ја симнете во ПДФ формат и да ја зачувате во електронска форма. Следна брошура која ќе ја објавиме ќе биде брошурата Мерки за сузбивање на економски значајни штетни организми на пченицата и јачменот. Воедно им благодариме на членовите од проектниот тим и Проект Менаџерот Мина Барова за одличната соработка и можноста за споделување на брошурите со пошироката јавност.